• Зоран Мишевски
Африка вечерва ќе добие нов владетел, а ако Сенегал го совлада Алжир тоа ќе биде ново име кое ќе се впише на големиот пехар. Само една Сенегалците играле финале и загубил по изведувањето на пенали од Камерун во 2002 година.
Алжирците се борат за втората континентална круна, а единствената радост датира од 1990 година. Финалето вечерва во Каиро е соочување на Мане против Марез, а Сенегалците ќе бидат видно хендикепирани со неиграњето на „пожолтениот“ Кулибали.
Камерунецот Алиум ќе ја дели правдата на вечерашното финале.
Последни десет финалиња на Купот на Африка:
1998 – Египет - Јужна Африка 2-0
2000 – Камерун – Нигерија 2-2 (4-3)
2002 – Камерун – Сенегал 0-0 (3-2)
2004 – Тунис – Мароко 2-1
2006 – Египет – Брегот на слоновата коска 0-0 (4-2)
2008 – Египет – Камерун 1-0
2010 – Египет – Гана 1-0
2012 – Замбија – Брегот на слоновата коска 0-0 (8-7)
2013 – Нигерија – Буркина Фасо 1-0
2015 – Брегот на слоновата коска – Гана 0-0 (9-8)
2017 – Камерун – Египет 2-1
Финалниот натпревар вечерва започнува во 21:00 часот и за првпат ќе биде спроведен ВАР-систем во натпреварот за африканското злато.