ВИДЕО: Семоќниот Левандовски го разби Шалке на дебито на Кутињо за Баерн

Првото големо дерби на шампионатот на Германија им припадна на фаворизираните ѕвезди на Баерн Минхен. Во последниот саботен натпревар од второто коло на Бундеслигата, Баварците ја освоија „Велтинс Арена“ во Гелзенкирхен, победувајќи го домашниот Шалке 04 со 0-3 (0-1).

  • Извештај од натпреварот:

Повторно, како и против Херта на стартот од сезоната, јунак на шампионот на Германија беше Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач најнапред во 20. минута реализираше најстрога казна за отворање на резултатот, а потоа ги потопи сите надежи на „кралско сините“ со гол за двојно водство во 50. минута. 

Полскиот ас директно од слободен удар го матира младиот Нубел. Кога се чинеше дека Шалке 04 доби доволно од Левандовски тој измисли нова мајсторија и по додавањето на Коман ги постави финалните 0-3. 

Тренерот на Баерн, Нико Ковач од првата минута му даде шанса на Лукас Хернандез, а Кутињо во игра влезе на местото на Томас Милер во 57. минута.