ВИДЕО: Семоќниот Борјан одбрани ТРИ пенали, даде гол и ја одведе Ц. Звезда во плеј-офот на ЛШ! 

Фудбалерите на Црвена Звезда приредија големо изненадување во квалификациите за Лигата на шампионите, откако успеаја да го преживеат пеколот во Данска и по изведувањето на пеналите го елиминираа тимот на Копенхаген

Српскиот шампион одигра незаборавен меч, а херој на големата победа беше голманот Милан Борјан. Во клучните моменти, односно во пенал-рулетот, српскиот чувар на мрежата успеа да одбрани три удари, а притоа постигна гол и ја одведе својата екипа во последниот филтер во овие квалификации. 

  • Пенал серијата во Копенхаген: 

Во плеј-офот противник на Црвена Звезда ќе биде тимот на Јанг Бојс