Семењо: Тешка победа над Панама, имаме квалитет да ја минеме групата!

Репрезентативецот на Гана и фудбалер на Манчестер Сити, Антоан Семењо, по победата над Панама на Светското првенство (1-0) изјави дека неговата селекција има голем квалитет и очекува подобра игра на другите мечеви во групната фаза. 

Гана славеше победа со гол во 95. минута, а Семењо го пофали и ривалот за храбрата и борбена игра на теренот. 

„Не знам како да ја опишам оваа емоција. На сите ни олесна затоа што знаевме колку е голем влогот на овој меч. Панама одигра одлично, морам да признаам дека ме изненади со пристапот.

Победата беше тешка, но ни дава голема самодоверба за понатаму. Имаме квалитет да ја минеме групата, а потоа ќе одиме чекор по чекор“, рече Семењо. 

Гана ги освои првите три бода во групата Л, а во второто коло ќе излезе на мегдан со фаворитот Англија.