Семејството на Роналдо: Гестот на „Енфилд“ нема да го заборавиме...

Роналдо Ливерпул

Дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед се одигра без Кристијано Роналдо, кој поради смртта на неговиот новороден син беше оправдано отсутен.

Фановите на „Енфилд“ покажаа класа и му оддадоа чест на играчот на големиот ривал. Додека истекуваше седмата минута сите станаа и аплаудираа како знак на почит кон него. Од семејството на Португалецот порачаа дека овој гест „никогаш нема да биде заборавен“. 

>>> Голем гест на „Енфилд“: Роналдо, никогаш нема да чекориш сам! (ВИДЕО)

37-годишникот ги дозна трагичните вести пред неколку дена. Клубот имаше разбирање и му овозможи да биде покрај семејството во овие исклучително тешки моменти.

Тимот на Јирген Клоп им одржа нова лекција на „ѓаволите“ и победи со 4-0.

Состави

Јирген Клоп

4-3-3

    Ралф Рангник

    3-4-3