• Иван Димовски

Абделхак Нури своевремено важеше за голема надеж на фудбалот во Холандија и Ајакс, но со само 20 години ја заврши кариерата откако колабираше на терен. На пријателски меч со Вердер, Нури доживеа срцев удар и се здоби со тешки оштетувања на мозокот.
Сега има 23 години и пред неколку месеци се разбуди од кома и комуницира со семејството, а минатата година му беше раскинат договорот со Ајакс. Долго траат преговорите меѓу семејството и клубот околу отштетата, а очигледно двете страни се далеку од договор.
Ајакс нуди пет милиони евра, додека фамилијата на Нури бара двојно повеќе, па во претходните денови се одржаа неколку состаноци.
„Разговаравме со семејството и адвокатите, ама не успеавме да постигнеме договор. Жал ми е и ситуацијата е тешка, знам дека и тие би саале лесно да се реши случакот. Сепак, постојат големи шанси сè да се заврши на суд“, изјави директорот Ван Дер Сар.
Ситуацијата долго е нерешена, а останува да видиме дали најавите на легендарниот голман ќе се исполнат.