Семејството Берлускони ја продава Монца?

Пасијата за фудбалот не е така голема кај семејството Берлускони, по смртта на легедарниот Силвио. Семејството бара партнер или купувач за италијанскиот фудбалски клуб Монца, кој стигна во Серија А за време на шест години на чело на семејството, изјави Пјер Силвио Берлускони.

Поранешниот италијански премиер претходно беше сопственик на Милан, но ја презеде контролата врз Монца преку семејната холдинг компанија „Фининвест“ во 2018 година, во зделка, наводно, вредна само три милиони евра.

Гласините за можна продажба на Монца од страна на семејството Берлускони се интензивираа по смртта на поранешниот премиер во јуни 2023 година.

Предводена од поранешниот шеф на Милан, Адријано Галијани, Монца избори промоција во Серија А за првпат во 2022 година. Клубот забележа загуба од 60,3 милиони евра во 2023 година, додека приходите се удвоија на 68,3 милиони евра.