ВИДЕО: Селтик во вториот дел го „скрши“ Ференцварош и остана во игра за нокаут фаза

Селтик

Екипата на Селтик остана во игра за нокаут фазата во Лига Европа со денешното славје на домашен терен против Ференцварош (2-0).

Долго време госитите имаа почетен резултат, за во вториот дел „зелено-белите“ да ги искористат своите шанси и да постигнат два гола. Домашните фудбалери беа поконкретни и на крај заслужено го освоија цел плен. Мечот беше отворен во во 57. минута. Кјиго Фурухаши искористи една шанса и го проби бедемот на Унгарците.

Пет минути подоцна МекГрегор имаше можност од белата точка. На неговиот удар одлично одговори голманот Денес Дибуш, кој ја задржа својата екипа во игра за бодови. Крај на сите дилеми стави Дејвид Трнбол во 82. минута, кога искористи прилика за да го постави конечниот резултат.

Селтик пропушти уште неколку шанси во продолжението од мечот. Ференцварош се помири со поразот и само чекаше времето да истече. Унгарскиот тим остана на дното, а екипата на Анге Постецоглу ги освои првите бодови и остана во трка со Баер Леверкузен и Бетис.

Состави

Ange Postecoglou

4-2-3-1

    Stanislav Cherchesov

    4-2-3-1