• Мартин Танасковски

Екипата на Селтик е победник во Купот на Шкотска каде во финалниот натпревар славеше над големиот ривал Глазгов Ренџерс (1-0) и така ја обедини „двојната круна“, по пехарот во првенството.
Детелинките се намачија против ривалот на „Хампден парк“, но дојдоа до важниот триумф за уште еден пехар во сезоната. Голем удел во резултатот имаше и голманот Џо Харт кој си заминува од шкотскиот премиерлигаш. Искусниот чувар на мрежата беше маестрален меѓу стативите.
Во првиот дел немаше голови, а во второто полувреме откако ВАР му поништи гол на Ренџерс, погодокот за пехар падна во 90. минута и беше дело на Ида кој искористи еден отпадок од противничкиот голман и стрела за голема победа.
Idaaaaaaaaahhhhhhhhhhhh 1-0 pic.twitter.com/j2n9dgXewc
— Celtic Goals (@celticgoalsreal) May 25, 2024
Со овој триумф Селтик си го подобри рекордот по број на трофеи. Тимот во ова натпреварување има вкупно 42 одличје како најдобар.