ВИДЕО: Селтик со реми до 52-ра титула првак на Шкотска!

Фудбалерите на Селтик по една година пауза повторно се шампиони на Шкотска. „Зелено-белите“ ја обезбедија титулата многу пред крајот на шампионатот, што можеше да навести пред десет дена кога ремизираа во „Олд Фирм“ против Ренџерс и ја задржаа дистанцата на врвот на табелата.

Во претпоследното коло Селтик ремизираше со Данди на гости, играјќи 1-1, што беше доволно за враќање на пехарот на „Селтик Парк“. Новите шампиони во водство ги доведе Јоргос Џакомакис во 53. минута, а реми во 72. минути донесе Дилан Левит.

  • Извештај од натпреварот:

Селтик стана шампион на Шкотска по 52-ри пат во историјата, а десетти пат во последните единаесет години. Овој пат под водство на Австралиецот со грчко потекло Ангелос Постекоглу.