• Саше Љолес
Славниот шкотски гигант, Селтик, официјално ја освои 55. шампионска титула во клупската историја и сега се израмни на вечната листа со најголемиот ривал, Глазгов Ренџерс.
Селтик ја заокружи успешната сезона со убедлив триумф кај Данди Јунајтед (0-5), иако до крајот на првенството има уште четири кола. Историски успех оствари и долгогодишниот фудбалер на „детелинките“, Џејмс Форест, за кого ова беше вкупно 26. трофеј во зелено-белиот дрес.
Форест стана најтрофеен играч во историјата на славниот шкотски клуб и остави неизбришлив траг за сите следни генерации.
На денешниот натпревар во редовите на Данди Јунајтед настапија и нашите репрезентативци Давид Бабунски и Кристијан Трапановски, кои добија шанса во второто полувреме и втрчаа на теренот во 59. минута.