ВИДЕО: Селтик пак го надигра Сараево и обезбеди второ коло во ЛШ

Шкотскиот гигант Селтик повторно ја оправда фаворитската улога во двомечот со Сараево и со нова победа обезбеди второ коло во квалификациите за Лигата на шампионите. 

По триумфот од 1-3 во Босна и Хрецеговина, вечерва „зелено-белите“ со минимални 2-1 славеа пред своите гледачи на „Селтик Парк“ и закажаа дуел во второто коло со тимот на Номе Каљу, кој вчера сензационално го елиминира нашиот шампион Шкендија

  • Извештај од натпреварот: 

Избраниците на Ленон уште од самиот старт им дадоа до знаење на гостите дека победата за нив е недостижна. Тргнаа супер-офанзивно и по шансите на МекГрегор и Мбомбо во 26. минута се затресе мрежата на босанскиот тим. 

Едуард одлично проби по десната страна и проигра до Кристи, а овој реагираше искусно и ја смести топката зад грбот на босанскиот голман, за голема домашна радост и водство на Селтик од 1-0. 

И покрај водството продолжи доминацијата на Шкотите, но неискористените шанси беа казнети од гостите, откако Татар на асистенција на Рахмановиќ израмни на 1-1 во 62. минута. Сепак, набрзо работите се вратија по старо и Селтик преку МекГрегор го врати водството на 2-1, резултат со кој заврши и вечерашниот меч. Нашиот репрезентативец Крсте Велкоски ги одигра сите 90 минути за босанскиот шампион. 

Од вечерашната реванш-програма второ коло обезбедија уште и екипите на АИК, Карабах, Розенборг, Ференцварош, Бате Борисов, Клуж и Марибор