ВИДЕО: Селтик осма година по ред е шампион, срушена бариерата од 50 титули!

Селтик од Глазгов е вториот клуб од шампионатите на стариот континент со нешто поголем значај кој ја прoби границата од 50 национални титули. Со победата над Абердин на гостински терен со 0-3 (0-1), „зелено-белите“ осма година по ред се шампиони на Шкотска, ист учинок како Јувентус во Италија. Предноста пред Глазгов е 12 бода и нема ни теорија лидерот да биде симнат од врвот. 

Головите за Селтик ги постигнаа Австриецот Лустиг, Јозо Шимуновиќ и Едуар. Ниту враќањето на Глазгов во Премиер лигата, ниту ангажманот на Џерард за менаџер не ја сопре хегемонија на Селтик во шкотскиот фудбал.

Повеќе титули од клубот од „Селтик парк“ и натаму има градскиот ривал Глазгов Ренџерс, освојувач на 54 национални трофеи.

Според рејтингот, првакот на Шкотска мора да игра квалификации и нема директен пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.