ВИДЕО: Селтик на пенали до триумф над Ренџерс за вкупно 119. трофеј во историјата!

Екипата на Селтик го надигра вечниот ривал Глазгов Ренџерс во финалето на шкотскиот Лига Куп и го освои својот 119-ти трофеј во историјата откако славеше со 5-4 во пенал рулетот на натпреварот кој заврши со конечни 3-3 по 120 минути игра. 

  • Селтик - Глазгов Ренџерс 3-3 (5-4): 

„Олд Фирм“ дербито понуди огромни возбудувања за публиката, „полицајците“ имаа минимална предност на паузата, но во второто полувреме Селтик еруптираше и одигра многу квалитетно, а тоа резултираше со три погодоци во гостинската мрежа. Домаќинот направи пресврт со головите на Тејлор и Маеда, но Ренџерс израмнија преку Мохамен Диоманде во 75. минута. 

Селтик повторно тргна во офанзива, го врати водството со голот на Николас Кун во 87. минута, но гостите израмнија на 3-3 само шеесет секунди подоцна преку Бразилецот Данило. Во продолженијата немаше погодоци, а во пенал-рулетот трагичар за Ренџерс беше Турчинот Ридван Јилмаз, кој беше единствениот играч што не ја погоди мрежата од единаесет метри.