Селтик ќе биде пресреќен и со бод на „Ајброкс“

Периодот од 2012 до 2021 е запишан со црни букви во историјата на Ренџерс. Гигантот од „Ајброкс“ мина низ банкрот и исфрлање во четвртата лига, па следеше макотрпен пад за консолидација низ која неговите навивачи беа сведоци на доминација на најголемиот ривал, да не кажеме смртниот непријател, Селтик, кој освои девет титули во низа во шкотската Премиер лига и по пет во ФА Купот и Лига Купот. Работите доживеаја пресврт дури лани, кога Џерси под палката на Стивен Џерард успеаја да ја прекинат доминацијата на Келтите и тоа на маестрален начин, откако дојдоа до шампионскиот трон без пораз.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Глазгов Ренџерс - Селтик

Тековната сезона тргна во ист ритам, ама откако легендарниот капитен на Ливерпул ја прифати понудата на Астон Вила во ноември почнаа работите да се менуваат, па „зелено-белите“ два и пол месеци подоцна ги минаа соседите. Воведот во пресвртницата беше 324. „Олд Фирм“ дерби во кое избраниците на Австралиецот Ангелос Постекоглу за 44 минути трипати ја сместија топката во мрежата на голманот Алан Мекгрегор и по две и пол години славеа во големото дерби во првенството, па така сфатија дека можат да се носат со бранителот на тронот. Наследникот на Џерард, Џовани ван Бронхрост, во меѓувреме ја консолидира екипата и ја донесе до четвртфиналето на Лига Европа која е дополнителен товар за „полицајците“, ама репрезентативната пауза за Холанѓанецот дојде како порачана.

Сега и едните и другите ги наполнија батериите, со тоа што Селтик веројатно ќе ги троши на засилена дефанзива и контранапади затоа што му одговара и реми, за разлика од домаќинот кој ќе мора повеќе да ризикува, ама нема и свесно да оди со главата во ѕид. Затоа MOZZART шансата КТХилиППX делува разумно, исто како и ГГ.