Селтик ја освои 53. титула во Шкотска: „Е*и го кралот, крунисајте го првакот!“

Екипата на Селтик го одбрани трофејот и е на шампионскиот трон во Шкотска, со што обезбеди квалификации во Лигата на шампионите.

„Детелинките“ го победија Хартс со 2-0 со головите на Фурухаши и Хјун-Гуј во второто полувреме. Овие три бода беа доволни да се има недостижна предност пред ривалот Глазгов Ренџерс.

Селтик досега испушти само седум бода во домашниот шампионат, а за гигантот од Островот ова е 53. титула во лигата. Натпреварот го одбележа и една парола од страна на домашните навивачи.

Овој викенд кралот Чарлс беше крунисан за крал на Островот, но навивачите порачаа: „Е*и го кралот, крунисајте го првакот“, алудирајќи на Селтик.