Селтик и шкотската федерација во „војна“ за потписот на Славен Билиќ

Еден од најдобрите хрватски стратези Славен Билиќ е пред враќање во Велика Британија, но не во Премиер лигата на Англија, туку на Шкотска

Наводно, како што пишуваат медиумите од Островот, Шкотската фудбалска федерација е сериозно заинтересирана за услугите на поранешниот хрватски селектор, но во последен момент во трката влезе гигантот Селтик, па сега тимот од Глазгов е во пол-позиција за неговиот потпис. 

Шампионот на Шкотска токму во Билиќ гледа како идеална замена за Брендан Роџерс, кој неочекувано среде сезона се реши да си замине и да се пресели во редовите на Лестер Сити

Хрватот три месеци е без ангажман, откако заработи отказ од Ал Етихад, додека во својата тренерска кариера најголемиот подем го направи водејќи го премиерлигашот Вест Хем Јунајтед