• Саше Љолес
Управите на двата шкотски гиганти, Селтик и Глазгов Ренџерс, конечно се договорија за враќање на гостинските навивачи на големите дерби-мечеви меѓу овие два клуба.
Во преговорите беше вклучена и шкотската полиција, па од следната сезона фановите ќе можат да присуствуваат на гостински терен, но ќе добијат само 5% од влезниците.
Ова значи дека 3.000 навивачи на Ренџерс ќе можат да гостуваат на „Селтик Парк“, додека 2.500 фанови на Селтик ќе добијат влезници за гостувањата на „Ајброкс“. Забраната беше изречена после неколку големи инциденти, кога пред стадионите имаше вистински тепачки за влезници на најголемото дерби во шкотскиот фудбал.