ВИДЕО: Селтик го совлада Сити во шоуто со седум гола во САД

Манчестер Сити и Селтик, англискиот и шкотскиот фудбалски шампион, се на американска турнеја, а ноќва одиграа пријателски натпревар, во кој Селтик победи со 4-3.

На полувреме Селтик водеше со 3-1, откако Германецот Куен постигна два гола, а Јапонецот Фурухаши еден ја затресе мрежата на противникот. Единствен стрелец за Манчестер Сити во првиот дел беше младиот Норвежанец Боб. Во воведниот дел од второто полувреме, Манчестер Сити израмни откако Аргентинецот Пероне погоди во 46. минута, а Халанд реализира во 57. минута.

Голот за 4-3 и победа на Селтик го постигна Луис Енрике Палма, фудбалер од Хондурас во 68. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Манчестер Сити ќе одигра уште три натпревари на американската турнеја, против Милан на 28 јули во Њујорк, Барселона на 31 јули во Орландо и против Челзи на 3 август во Колумбус.