ВИДЕО: Селтик го освои шкотскиот Куп и втора година по ред собра три трофеи

Селтик ја потврди доминацијата во шкотскиот фудбал, освојувајќи уште една тројна круна. По убедливо освоената Премиер лига, екипата на Брендан Роџерс го освои Купот на Шкотска по 38. пат. Во финалето на „Хемпдон парк“ фаворитот Селтик го совлада Мадервел со 2-0 со головите на МекГрегор и Карлсон.

Во ова 122. финале на шкотскиот ФА Куп, „зелено-белите“ беа далеку подобар ривал и можеа да постигнат многу повеќе погодоци. Мадервел по шести пат загуби во еден финален натпревар на Купот, а по петти пат кобен за нив беше токму Селтик.

Вторпат во историјата на шкотскиот фудбал се случува една екипа две години по ред да освои тројна круна - Премиер лигата и двата домашни Купа.