ВИДЕО: Селтик го освои Рим со погодок во 95. минута, Севиља лесно до нокаут фазата

Екипата на Селтик победнички си замина од гостувањето кај Лацио (1-2) и остана на врвот на групата Е. Чиро Имобиле ја продолжи голгетерската серија, но неговиот погодок не беше доволен за победа, бидејќи најпрво израмни Форест во завршницата од првиот дел, а херојскиот пресврт го обезбеди Нтшам во 95. минута.

Во рамки од истата група, Клуж го победи Рен (1-0), резултат со кој Романците се искачија на чело на табелата.

Севиља е единствената екипа која обезбеди пласман во нокаут фазата со убедливото издание кај Ф91 Дуделанж (2-5). Хет-трик запиша Мунир Ел-Хадади, а на голеадата со две реализации се приклучи и Мунас Дабур.

Карабах попушти во завршницата кај АПОЕЛ (2-1) ја испушти предноста пред конкуренцијата за следната фаза.

Фудбалерите на Базел направија голем чекор кон 1/16-финалето со позитивниот резултат против Хетафе (2-1). Руски Краснодар си ги зголеми шансите за нокаут фазата и со три гола го закова Трабзонспор на дното (2-0).

Големо изненадување направи ЛАСК кој го победи ПСВ Ајндховен на домашен терен (2-0). Сега холандскиот гигант ќе мора по потешкиот пат да обезбедува европска пролет. Спортинг без Стефан Ристовски немаше проблеми на гостувањето во Норвешка кај Розенборг (0-2).

Апсолутно ништо не се промени на табелата во групата Б, во која двата меча вечерва завршија без победник.