• Горан Упале


Битка за првиот трофеј во Шкотска. На стадионот „Хемпден Парк“ во Глазгов в недела силите ќе ги одмерат Хибернијан и Селтик, тимови кои имаат иста боја – зелена и бела. Селтик минатата сезона остана со празни раце и не освои ниеден од трите пехари, за разлика од 2019/20 кога келтите во витрините ги донесоа сите три домашни титули.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Селтик - Хибернијан
Австралискиот стручњак Анџ Постекоглу имаше тешка работа за време на летото, но како што сезоната одминува, Селтик игра подобро. Успеа како трет во Лига Европа да презими во меѓународните натпреварувања. Во февруари ќе игра во 1/16-финалето во Конференциската лига. Прва ѕвезда на тимот е Јапонецот Кјого Фурухаши. Великанот од Глазгов секогаш има среќа со фудбалерите од оваа азиска земја. Репрезентативецот на Јапонија, кој е летно засилување од Висел Кобе, се покажа како полн погодок. Моментално е втор стрелец во Премиер лигата на Шкотска со осум гола, еден помалку од Тони Вот од Мадервел. Одлично го замени Французинот Одсон Едуард кој во претходните две сезони беше најубиствен голгетер, а замина во Кристал Палас.
Селтик е втор во Шкотска зад шампионот Ренџерс, додека Хибернијан е на седмото место. Најдобар фудбалер во тимот од Единбург е Австралиецот Мартин Бојл, со седум голови во првенството важи за најефикасен на тимот. Оваа година ривалите одиграа меч во Единбург во Премиер лигата, славеше Селтик со 3:1. Три години Хибернијан чека на триумф против великанот од Глазгов. На последните 12 меѓусебни пресметки Селтик има седум победи и пет ремија. Се очекува Селтик да има многу повеќе навивачи на „Хемпден парк“, игра во добра форма, а и традицијата е на негова страна, па затоа шансите на Хибернијан не се големи на овој меч.