ВИДЕО: Селта немоќна, Фрајбург со шест „парчиња“ до полуфинале во ЛЕ!

Екипата на Фрајбург го потврди своето учество во полуфиналето на Лига Европа, откако одново славеше со убедливи 1-3 (0-2) на гостувањето кај Селта Виго

  • Извештај од натпреварот:

Германскиот бундеслигаш ја завери својата „виза“ со вкупно шест погодоци во двата натпревари, рушејќи го сонот на претставникот на шпанската Примера. Хрватот Игор Матановиќ го отвори резултатот во 33. минута, а само шест минути подоцна предноста ја удвои Јуито Сузуки. 

Јапонецот беше автор и на третиот погодок за Германците, носејќи предност од 0-3 во 50. минута од натпреварот, а конечниот резултат го постави Вилиот Сведберг, кој постигна почесен гол за Селта во самиот финиш од натпреварот. 

Фрајбург сосема убедливо се најде меѓу четирите најдобри во второто најсилно натпреварување на УЕФА, каде го очекува двомеч со подобриот од дуелот меѓу Португалската Брага и шпанскиот Бетис