ВИДЕО: Селта конечно стигна до бодови во Андалузија, Севиља со прв сезонски кикс

Фудбалерите на Севиља повторно се осамостоија на врвот на Примера, откако денес ремизираа против Селта Виго (1-1) на домашен терен во рамките на третото коло од Примера. 

  • Извештај од натпреварот: 

Андалузијците го запишаа првото сезонско реми, иако во завршницата први постигнаа погодок и го отворија резултатот. Тимот на Јулен Лопетеги ја прекина победничката серија против денешниот противник, кој не знаеше за бодови на гости на „Рамон Санчез Писхуан“ цели четири години.

Одличната комбинација на десет минути до крајот, кога Евер Банега центрираше, а Франко Васкез биеше со глава, ја крена домашната публика на нозе. Главниот судија доби сугестија од ВАР-собата и го потврди погодокот.

Радоста траеше кратко, бидејќи гостите израмнија веќе во следната акција. Денис Суарез, кој дојде од екипата на Арсенал, ја круниса акцијата на својот тим и го постави конечниот резултат.