• Иван Димовски
Фудбалерите на Селта Виго зедоа огромен скалп, бидејќи славеа на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ кај Реал Мадрид со 0-2 (0-0) во натпреварот од 15. коло на шпанската Примера.
Во првиот дел од пресметката во Мадрид „кралевите“ беа далеку подобар противник, шанси редеа Арда Ѓулер, Џуд Белингем и Винициус Жуниор, ама беа реализација. На полувреме во престолнината на Шпанија се замина без погодоци.
Како клучен момент за гостинскиот тим беше замената за која се реши тренерот Гиралдез, бидејќи во игра на местото на Дуран го испрати Вилиот Сведберг. Веќе во 53. минута шведскиот напаѓач го матира Куртоа и донесе предност за гостите (0-1).
Јасно беше дека на потег е Реал кој притисна и се обиде да се врати, меѓутоа голема глупост направи Фран Гарсија. Бекот на „кралевите“ доби два жолти картони во две минути и беше испратен во соблекувалната. Тимот на Чаби Алонсо со десетмина бркаше резултат половина час, а во судиското продолжение две јавни опомени доби и Карерас поради протест. Во последните секунди Сведберг со својот втор погодок стави точка на победата (0-2).
- Реал Мадрид - Селта 0-2:
Реал Мадрид се наоѓа на втората позиција на табелата, а сега заостанува четири бода зад Барселона.
- Еспањол - Рајо Ваљекано 1-0:
Попладнево во Каталонија, Еспањол го совлада Рајо Ваљекано со 1-0, а единствениот погодок го постигна Роберто Фернандез од пенал.






