ВИДЕО: Селта го „сопна“ фаворитот, Атлетико не го искористи киксот на Реал

Екипите на Атлетико Мадрид и Селта Виго одиграа натпревар без победник (1-1), во рамките на 24. коло на Примера. Не успеаја избраниците на Диего Симеоне да го искористат киксот на Реал и да го прескокнат на првенствената табела. 

Средбата на „Ванда Метрополитано“ тргна со црвен картон за Пабло Бариос уште во петтата минута. Тој стартува остро врз нога на противник и со помош на ВАР беше исклучен. Селта се обиде да се наметне, но и со човек повеќе беше во подредена улога. 

Ниту Атлетико не беше претерано разигран, очекувано при игра со десетмина. Во вториот дел Селта доби пенал по старт на Робин Ле Норманд. Сигурен егзекутор на најстрогата казна беше капитенот Иаго Аспас со гол за 0-1 во 68. минута. Од тој момент „јорганџиите“ фрлија сè на карта напад и тоа им се исплати со израмнување. 

Течеше 82. минута кога Александер Сорлот стрелаше за 1-1. Топка од одбраната изби Хименез, а Норвежанецот одлично се снајде и го доби дуелот, си направи простор за удар и го матира гостинскиот голман. 

  • Извештај од натпреварот:

По ова реми Реал останува лидер со 51 бод, Атлетико има 50, а Барселона в понеделник со победа над Рајо може да го преземе врвот.