ВИДЕО: Селта го изненади Атлетико среде Мадрид и остана во игра за ЛШ

Атлетико Мадрид доживеа неочекуван пораз на домашен терен, откако вечерва загуби од Селта Виго со минимални 0-1 во натпревар од 35. коло во шпанска Примера.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите од Виго одиграа дисциплиниран и трпелив натпревар, а клучниот момент се случи во 62. минута кога Борха Иглесијас ја затресе мрежата на домаќините и донесе голема победа за Селта. 

Атлетико во поголем дел од мечот имаше иницијатива и повеќе ја контролираше играта, но тимот на Диего Симеоне не успеа да пронајде решение за цврстата одбрана на гостите. Во финишот мадридскиот состав силно притисна во обид да стигне барем до бод, но Селта успеа да ја сочува предноста и да освои исклучително важни три бода.

Со овој триумф, Селта останува во игра за пласман во Лигата на шампионите, додека Атлетико веќе од пред неколку кола го обезбеди своето место во европската елита.