ВИДЕО: Мајорка до врв ја наполни мрежата на Селта и ги задржа шансите за опстанок во Примера

Фудбалерите на Мајорка запишаа една од најважните победи оваа сезона, затоа што во дербито на дното беа поуспешни од конкурентот за опстанок во Примера, Селта Виго, со резултат од 5-1 (3-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Со овие три бода Мајорка останува во трката за останување во шпанската елита и следната сезона и сега има пет бода помалку од Селта, која е на 17-тата позиција. 

Прашањето на победникот на натпреварот беше решено уште во првите 45. минути, во кои Мајорка одигра фантастично и трипати ја затресе противничката мрежа. Разулатот го отвори Будумир со погодок, по комично досуден пенал во 13. минута,. До паузата прекрасни голови постигнаа Цучо и Позо, за 3-0 на полувреме. 

Во вториот дел Селта прва зададе удар и преку Аспас намали на 3-1, но Будумир и Севиља не дозволија неочекувани проблеми за својот тим и погодија за заслужена победа на Мајорка од 5-1. 

Нашиот репрезентативец Александар Трајковски натпреварот го започна од клупата за резерви и ги одигра последните десет минути.