Селмани ќе паузира шест месеци, Ренова ќе мора да бара решение

Јасир Селмани, играчот кој ги брани боите на Ренова, нема да биде во комбинација за настап на наредните мечеви на „гипсарите“ поради тешка повреда со која се здоби на меч во ПМФЛ.

Селмани, кој има 28 години и игра во средниот ред, се повреди на мечот со Работнички, а лекарските прегледи покажаа дека се работи за скинати лигаменти. Играчот ќе паузира најмалку шест месеци и за него се претпоставува дека сезоната е готова.

Фудбалерот дојде во Тетово од редовите на Гостивар, а оваа сезона настапи на осум меча во ПМФЛ.