Селекторот на Венецуела поднесе оставка по историската победа - причина е политичкиот притисок

Ретко видена сцена доаѓа од стожерот на репрезентацијата на Венецуела. Оваа мала јужноамериканска земја синоќа во Мадрид ја совлада Аргентина со 3-1, но денес селекторот Рафаел Дудамел си поднесе оставка.

Политичката криза е единствената причина за оставката, па Дудамел изјави дека не смее националната селекција да се користи за политички поени и за да испрати порака до властите, ја понуди оставката. 

Политичари од Венецуела ја посетиле репрезентацијата пред натпреварот во Мадрид, додека во оваа земја владата на претседателот Николас Мадуро е непризната од многу моќни светски земји и во земјата владее поделеност.

  • Посетата на политичари од Венецуела во соблекувалната пред натпреварот против Аргентина: 

Венецуела никогаш не играла на Светско првенство, а најголем успех од Копа Америка и е пласман во полуфинале на натпреварувањето.