• Мартин Танасковски
Селекторот на Сенегал, Папе Тиау, по драматичната ситуација кога го повлече тимот од терен поради пеналот досуден на Мароко во судиското надополнување, даде официјална изјава. Тиау ја истакна својата одговорност и покажа дека, и покрај емоционалниот момент, тимот на Сенегал го почитува духот на спортот.
„Се извинувам на фудбалот. Жалам што ги повикав играчите да го напуштат теренот. Откако размислив, ги вратив во игра. Понекогаш реагирате во жарот на моментот. Но, прифаќаме дека судијата направил грешка. Се извинувааме на фудбалот.“, изјави Тиау.
Инаку, финалето на Африканскиот Куп на нации меѓу Сенегал и Мароко заврши со победа на Сенегалците со гол во продолженијата, откако во судиското надополнување во регуларниот дел Брахим Диаз промаши пенал за титула на Мароканците.

