Селекторот на олимписката репрезентација на Бразил е нов тренер на Лион

Некогашниот освојувал на Лигата на шампионите и фудбалер на Барселона, Селта и Арсенал, Силвињо ќе биде новиот тренер на Олимпик Лион, објавија француските медиуми.

Селекторот на младинската репрезентација на Бразил, која се подготвува за Олимписките игри во Токио се откажа од таа функција и ќе седне на жешкото столче на кое три сезони седеше Бруно Женесио. 45-годишниот Бразилец се согласил со раководството на клубот за двегодишен договор.

Силвињо претходно работеше во стручниот штаб на Роберто Манчини во Интер. Лион и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, но големи се шансите дека ова лето ќе остане без своите ѕвезди Фекир, Дембеле, Менди, Депај...