Селекторот на Лихтенштајн ги откри адутите за мечот со Македонија

Селекцијата на Македонија наредниот викенд ги игра последните натпревари од групната фаза на премиерното издание на Лигата на нации. 

Нашите момци прво ќе се судрат против селекцијата на Лихтенштајн, која денес ги откри адутите за овој натпревар, кој се игра во Вадуц. Селекторот Рене Паурич ги објави 23-та фудбалери кои ќе им се спротистават на Македонија, а меѓу нив има неколку изненадувањa. 

Паурич направи пет промени во својот список во однос на последниот, ги повика младите Даниел Брандл и Јенс Хофер за сметка на поискусните Никлас Кибер и Сандро Волфингер.

Натпреварот против Македонија е закажан за на 16 ноември од 20:45 часот, а по три дена Лихтенштајн го игра последниот меч против Ерменија.  

УЕФА Лига на нации, Лига Д, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 4 3 0 1 8:5 3 9
2 ГибралтарГибралтар 2 4 2 0 2 3:5 -2 6
3 ЕрменијаЕрменија 4 2 0 2 6:4 2 6
4 ЛихтенштајнЛихтенштајн 2 4 1 0 3 5:8 -3 3