Селекторот на Косово уште „жали“ за поразот од Македонија

Бернард Шаланде, селекторот на фудбалската репрезентација на Косово, во интервју за „Газета блиц“ говореше за 2020 година и истакна дека на националниот тим многу тешко му паднал еден пораз.

Тоа е овој во натпреварот со Македонија, во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите. Шаланде истакна дека имало само еден интересен натпревар (со Македонија н.з), но го загубиле.

„2020 година беше тешка за Косово. Немам натпревар кој би го истакнал. Имавме еден интересен дуел, ама и тој го загубивме. Најдобриот меч на Косово ќе следи во 2021 година“, изјави Шаланде.

Дуелот во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите се одигра во Скопје, а Македонија успеа да слави со 2-1.