Селекторот на Колумбија: Среќен сум, чувствувавме голем притисок да победиме!

Селекторот на Колумбија, Нестор Лоренцо, изрази задоволство од победата над Узбекистан (3-1) на стартот од Светското првенство, признавајќи дека неговите фудбалери чувствувале голем притисок пред натпреварот.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Од нас се очекуваше да ја преземеме иницијативата и бевме под притисок да победиме. 

Чувствуваме огромна радост, но мислам дека емоционалниот товар кај некои играчи се одрази и физички. Сето тоа е поврзано со отворањето на турнирот и амбиентот во кој игравме“, додаде Лоренцо.

И покрај убедливата победа, Лоренцо смета дека неговиот тим има простор за напредок, особено во реализацијата на шансите и контролата на играта во второто полувреме.

Со освоените три бода, Колумбија се искачи на врвот на групата К и направи важен чекор кон пласман во нокаут-фазата.