Селекторот на Катар: Личен проблем е ако некого го разочаравме, ново СП би било чудо!

Катар е вториот домаќин во историјата на Светските првенства (СП) кој ги заврши настапите во групната фаза. По ремито меѓу Холандија и Сенегал, јасно е дека африканската селекција не може да патува понатаму.

Феликс Санчез, тренерот на катарската репрезентација, кажа дека не смее на неговиот тим да се гледа како разочарување, затоа што сите биле свесни дека Мундијалот е тежок полигон за еден нов колектив и млад и неискусен како неговиот.

„Мислам дека бевме добри со Сенегалците. Кога играш на СП, треба да знаеш од каде доаѓаш. Ако некого го разочаравме, тоа е негов проблем и резултат на неговите очекувања. Нашата цел беше да играме борбено. Но, понекогаш настаните не одат онака како што ги посакуваш. Сакавме и ние да играме во следната фаза и да дојдеме далеку, ама истовремено бевме и свесни за нашите можности. За нас ова е прв Мундијал. Ние сме мала земја, а овој настан е особено силен. Ако пак се квалификуваме на едно Светско првенство, ќе биде вистинско чудо за нас“, изјави Санчез.

Катарците во групата А во последното коло ќе играат против репрезентацијата на Холандија.

Состави

Карлос Кеирош

5-3-2

    Алиу Сисе

    4-2-3-1