• Саше Љолес
Селекторот на Јордан, Џамал Селами, после поразот од Австрија на Светското првенство (3-1) изјави дека неговиот тим одиграл храбар натпревар и одлично се претставил во премиерното дефиле на планетарните собири.
Јорданците се аутсајдери во својата група, но селекторот истакна дека тимот одиграл зрело и храбро, без оглед на резултатот и поразот на крајот.
„Ми се допадна тоа што го видов. Не очекував дека ќе бидеме толку смели и храбри. Игравме против силна европска селекција, но мислам дека се прикажавме во добро светло. Создававме и прилики, постигнавме гол, сето тоа ме радува. Се надевам дека можеме да бидеме поуспешни на следните натпревари“, изјави Селами.
За селекцијата на Јордан ова е прво учество на едно Светско првенство.





