Селекторот на Грција: Хрватска е опасна во секој сегмент на играта, ние одиме по гол!

Денес во Загреб ќе се одигра еден од четирите бараж натпревари за пласман на Светското првенство во Русија наредната година. Фудбалерите на Хрватска ја пречекуваат репрезентацијата на нашиот Грција, а воочи натпреварот селекторот на нашиот јужен сосед, Михаел Скибе изјави:

„Не смееме да оставиме простор за хрватските играчи, бидејќи знаеме колку можат да бидат опасни. Хрватска има извонредни напаѓачи, а исто така фудбалери од светска класа има и на средниата на теренот. Добри се во скок играта, а извонредно опасни при изведување на прекините. Сепак, имаат и слаби страни, се надеваме на поволен резултат и барем еден постигнат погодок“.

Покрај дуелот меѓу Хрватска и Грција, денес се игра и двобојот меѓу репрезентациите на Северна Ирска и Швајцарија.