Селекторот на Гибралтар го скрати списокот за Македонија

Уругвајскиот стратег на клупата на Гибралтар, Хулио Рибас, го скрати списокот на фудбалери со кои ќе ги започне натпреварувањата за новиот проект на УЕФА, Лига на нации. 

Малата земја на Пиринајскиот полуостров за два дена ќе се сретне со нашата репрезентација, а три дена подоцна ќе гостува кај Лихтенштајн, а за овие натпревари Рибас на располагање ќе има 21 фудбалер, откако од поширокиот список ги исфрли Џејми Босио и Џон-Пол Дуарте. 

Во неговиот список по подолго време се најде искусниот напаѓач на англиски Дарлингтон, Рист Стичи, како и тројцата дебитанти Мат Кафер, Дејл Колеинг, Грем Торилја (кој го постигна историскиот гол за победа од 1-0 на младата селекција против Македонија). 

Дуелот против Македонија е закажан за в четврток од 20:45 часот, а нашите момци својот втор натпревар ќе го играат в недела во Скопје против Ерменија (18:00 часот).