Селекторот на Гана: Пеналот беше подарок од судијата за Роналдо!

Гана е првата африканска репрезентација која постигна гол(ови) на Светското првенство, но не успеа да го избегне поразот во дуелот со претпоследниот европски првак, Португалија. Победата од 3-2 за момците на Фернандо Сантос беше отворена со пенал, за кој имаше многу полемики.

Селекторот на Гана, Ото Адо е уверен дека немаше најстрога казна, туку Португалија и Роналдо добија подарок од судиите.

„Главниот судија досуди пенал кој не беше пенал. Сите можеа да го видат тоа. Зошто го досуди? Затоа што во прашање беше Роналдо. Ова беше подарок од судијата за Кристијано“, изјави Ото Адо.

Натпреварот не донесе гол во првото полувреме, но беа постигнати дури пет погодои во вториот дел. Ају и Букари ги постигнаа головите за „црните ѕвезди“. 

Состави

Фернандо Сантос

4-1-4-1

    Ото Адо

    5-4-1