• Саше Љолес
Фудбалската федерација на Македонија со одлука на Управниот одбор го продолжи договорот со селекторот на македонската сениорска репрезентација, Благоја Милевски.
Актуелниот селектор останува на кормилото на „рисовите“ до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2026 година, а евентуалното продолжување на договорот ќе зависи од резултатите кои Македонија ќе ги оствари во квалификациската група, како и во следниот циклус од Лигата на нации.
Иако последниов период наиде на жестоки критики од јавноста, селекторот Милевски сепак оствари неколку значајни резултати со репрезентацијата, а тоа беше доволен сигнал за луѓето во ФФМ да му укажат доверба и за следниот циклус.
Благоја Милевски го наследи на клупата Игор Ангеловски, со кого Македонија за првпат во историјата се претстави на едно големо натпреварување - Европското првенство во 2021 година.