Селекторот Капинковски го објави списокот, надежите на квалификациски турнир во Шкотска

Селекторот на У17 репрезентацијата на Македонија, Димитар Капинковски, го објави списокот на повикани фудбалери за квалификацискиот турнир за Европското првенство, кој ќе се одржи во Шкотска од 17 до 26 март. 

Нашите надежи се во група со Шкотска, Романија и Лихтенштајн, а турнирот го отвораме со дуелот против домаќинот на 19 март во 16:30 часот. 

Список на повикани фудбалери за квалификациите за Европското првенство: 

Голмани: 
Антониј Трпчевски - Работнички
Александар Трајков - Брера Струмица
Дарко Јовчев - Македонија ЃП

Одбрана:
Албан Рочи - Брера Струмица
Андреј Димовски - Брера Струмица 
Стефан Стаматоски - Вардар
Мартин Џангаровски - Македонија ЃП
Стефан Секирски - Беласица
Мухамед Мустафи - Ст. Гален (Швајцарија)
Матео Кесиќ - Бродарац (Србија)
Кристијан Маркоски - Келн (Германија)

Среден ред:
Иван Танчев - Брера Струмица
Давид Ангелевски - Пелистер
Лорент Жаку - Воска Спорт
Ненад Дамјановски - Домжале (Словенија)
Христијан Јевтовски - Вардар

Напад:
Иво Марковски - Вардар
Дитмир Хоџа - Воска Спорт
Флорент Османи - Шкендија
Стефан Бранковски - Марибор (Словенија)
Дамјан Буцевски - ИМТ (Србија)

Во второто коло во истиот термин ќе играме против Лихтенштајн, а кругот го затвораме против селекцијата на Романија. Сите натпревари ќе бидат одиграни на стадионот „Броудвуд“.