• Саше Љолес

Селекторот на женската фудбалска репрезентација, Кирил Изов, го објави списокот на повикани фудбалерки за претстојниот натпревар од Лигата на нации, во кој Македонија повторно ќе се сретне со Бугарија.
Нашите девојки досега не освоија ниту еден бод, но мотивирани ќе отпатуваат кај нашиот источен сосед, со надеж дека ќе се претстават во многу подобро светло. На првиот натпревар во Скопје загубивме со минимални 0-1, а тоа дава надеж дека евентуално би можеле да се избориме за позитивен резултат во возвратниот дуел.
Оптимизмот секогаш постои, а на списокот може да се каже дека нема премногу изненадувања и селекторот Изов ќе се „потпре“ на добропознати и проверени сили.
Комплетниот список на повикани фудбалерки за натпреварот против Бугарија:
Голмани:
Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје)
Одбрана:
Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана)
Среден ред:
Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед)
Напад:
Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед)
Натпреварот помеѓу Бугарија и Македонија ќе се одигра на стадионот „Васил Левски“ во Софија, а собирот на нашата репрезентација започнува на 3 декември во Скопје.