ВИДЕО: Секулов остана без злато, Холандија преку Италија ја одбрани европската круна!

Фудбалската репрезентација на Холандија до 17 години ја одбрани европската титула, откако во големото финале со убедливи 4-2 славеше над соодветната селекција на Италија. 

„Лалињата“ одиграа фантастичен турнир во Ирска, а истиот го крунисаа со заслужена победа над големиот ривал. Доминацијата на младите холандски фудбалери резултираше со убедливи 3-0 на полувреме, откако италијанската мрежа ја затресоа Хансен, Банис и Матсен. На стартот на вториот дел Коломбо намали на 3-1, но Унувај погоди за комотни 4-1. Конечните 4-2 ги постави Коломбо со својот втор вечерашен гол. 

Поранешниот македонски репрезентативец Никола Секулов, кој пред една година се реши да го одбие нашиот повик и да го облече дресот на Италија, финалето го започна од клупата за резерви и во игра влезе на стартот од второто полувреме.