ВИДЕО: Сековски поцрвене за четири минути, Македонија У19 ремизира со Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Грузија У19 и истиот заврши без погодоци.

Нашиот национален тим беше рамноправен ривал на теренот, иако на хартија ја немаше фаворитската улога. Ремито добива на тежина и затоа што Македонија У19 мечот го заврши со играч помалку, откако во 78. минута директен црвен картон доби Дарко Сековски.

Младиот играч на Македонија ЃП влезе четири минути пред да добие црвен картон. Стартуваше невнимателно врз еден од фудбалерите на Грузија со лизгачки старт и судијата му го покажа патот кон соблекувалната.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ ги чека уште еден пријателски натпревар со Грузија кој ќе се игра пак во Тбилиси, на 10 јуни.