Секоја чест! Пред 10 години беше прегазен од камион, остана без рака, а синоќа дебитираше за Петролул

Фудбалската игра често знае да ни донесе емотивни приказни, а токму таква е приказната на 18-годишниот фудбалер на Петролул Плоешти, Космин Ламбру.  

Всушност, младиот Ламбру синоќа дебитираше во дресот на Плоешти во рамки од Купот на Романија, иако пред 10 години доживеа тешка сообраќајна несреќа. Откако беше прегазен од камион, лекарите морале да му ја ампутираат левата рака. 

Сепак, желбата на Ламбру еден ден да стане фудбалер беше голема и вчера со вештачка рака за првпат одигра еден професионален натпревар. 

„Се разбира дека борбата беше тешка и макотрпна. Кога решив да станам фудбалер, најпрво учев како да паѓам на вештачката рака. Не беше лесно, но никогаш не се жалев и сигурно и во иднина нема да се жалам“, изјави младиот фудбалер. 

Нека оваа приказна на младиот Романец биде пример за секој млад фудбалер дека никогаш не треба да се откажеш бидејќи нема ништо поубаво од тоа да се остварат детските сонови.