• Саше Љолес

Македонската фудбалска репрезентација отсекогаш имала свои фанови кога патувала на гостувањата во европските или мундијалските квалификации.
Некаде сме биле во бројка на илјадници, некаде стотици, а некаде и само неколкумина, како што беше случај на натпреварот против Казахстан во Астана.
До далечната азиска земја отпатуваа Дејан, Атанаско, Александар, Слаѓан, Драган, Благој и Петре, кои покрај нашата делегација, беа единствените Македонци на трибините на „Астана Арена“.
Бевме „застапени“ од само седуммина херои кои решија да сменат четири авионски летови и цели 24 часа го трасираа својот пат до Казахстан. Беа доволно гласни и им дадоа голема поддршка на нашите репрезентативци во исклучително важната гостинска победа.