ВИДЕО: Секоја чест! Лидс даде „спорен“ гол, па Биелса нареди Вила веднаш да израмни! 

Без разлика на ситуацијата во која се наоѓаат актерите на мечот, фудбалската игра пред сè треба да биде фер-игра. Тоа денес ни го презентираа фудбалерите на Лидс Јунајтед и Астон Вила

Иако мечот беше од огромно значење за тимот од Јоркшир, сведоци сме на ретко видена ситуација на фудбалските терени, откако менаџерот на Лидс, Марсело Биелса им нареди на своите фудбалери да примат гол, и тоа веднаш откако стигнаа до водство од 1-0. 

Причината е заради спорниот гол кој го постигнаа неговите момци, кои противничката мрежа ја затресoa во моментите кога еден гостински фудбалер лежеше повреден на теренот. 

  • Погледнете што точно се случи на „Еланд Роуд“:

Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски не играше на овој натпревар, бидејќи пред една седмица заврши „под нож“ по незгодната повреда на коленото. Со ова реми Лидс ќе игра плеј-оф за пласман во Премиер лигата, додека, покрај Норвич, директен пласман во елитата обезбеди и Шефилд Јунајтед