Секоја чест: Фановите на Јуве го поздравија и Де Роси! (ФОТО)

Екипата на Јувентус синоќа го одигра својот последен натпревар пред својата публика во Серија А, а истиот беше од посебно значење за Масимилијано Алегри и Андреа Барзаљи. 

Двајцата по завршувањето на сезоната ги напуштаат редовите на „старата дама“, но синоќа фановите на италијанскиот гигант ѝ дадоа почит на уште една италијанска фудбалска легенда. Со транспарент на трибините беше поздравен Даниеле Де Роси, кој по цели 18 години ја напушта Рома, откако раководството на клубот не му понуди нов договор. 

„Збогум Де Роси. Прво човек, а потоа фудбалер“, напишаа навивачите на Јувентус.

Фудбалерите на Јувентус не успеаја со победа да ги наградат Алегри и Барзаљи, затоа што Аталанта се избори за реми од 1-1.