Секоја чест, Беласица: Со осум младинци победи на најтешкиот терен

Екипата на Беласица дојде до победа во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) откако трумфира на можеби најтешкиот терен за гостите, тоа е „Железарница“ во Автокоманда кај Скопје (2-0), а има еден податок за почит.

Тимот на Александар Стојанов одигра извонреден натпревар и до трите бода кај „пиратите“ во Автокоманда дојде со дури осум младинци во стартниот тим. Четворица од стартерите беа родени 2004 година, двајца беа 2005 година, а по еден 2003 и 2006 година.

Од вкупно единаесет играчи, само едно име во стартниот состав беше „во години“, тоа е искусниот капитен Александар Милушев. Другите сите се родени од 2003 година па натаму. Во еден момент Беласица играше и со девет младинци на терен, кога од клупата за резерви влезе Стоилов, роден 2004 година. Головите ги дадоа двајцата младинци Костадин Капсаров и Кире Стојанов.

Култниот струмички клуб девет кола е без пораз во Втората лига, претходно имаше шест нерешени во низа, па нанижа три победи над Вардарски, Осогово и Скопје.